За нас
Рива Консалтинг е реномирана и доверлива сметководствена компанија со седиште во строгиот центар на градот, една од водечките фирми во областа на сметководство и даночен консалтинг. Регистрирана во 1994 година со 100% приватен капитал. Од самите почетоци бележиме константен раст во бизнисот и проширување на портфолиото на услуги и клиенти.
Рива Консалтинг има изградено репутација на компанија која нуди прецизни, навремени и приспособени решенија за своите клиенти, осигурувајќи стабилност и напредок во нивното работење.
Во Рива Консалтинг сме посветени на тоа да ги поддржиме малите и средните компании, кои често имаат потреба од професионални финансиски и сметководствени услуги за одржување на стабилноста и растот на својот бизнис. Со тим од 10 искусни професионалци и повеќе од 300 задоволни клиенти, нашата компанија се фокусира на пружање високо квалитетни услуги кои им овозможуваат на клиентите лесен пристап до прецизни финансиски податоци и стратешки совети, секогаш прилагодени на индивидуалните потреби на секој клиент.
Вршиме услуги за домашни и странски компании од различни дејности и големини. Со оглед на брзорастечкиот технолошки и софтверски развој се обидуваме да ги следиме сите трендови и на нашите клиенти да им обезбедиме совршен приказ на нивното работење и обработка на податоци.