Rivast Your Trusted Accounting Experts

Управата за јавни приходи (УЈП) го објави процентот за месечна аконтација на данокот на добивка за април 2025 година — тој е позитивен и изнесува 1,4%.

Што значи ова за компаниите?

Аконтацијата што треба да се плати до 15 мај 2025 година се пресметува како 1/12 од годишната даночна обврска прикажана во Даночниот биланс за 2024 година, зголемена за овој нов процент од 1,4%. Поточно, се зема износот од АОП 56 од ДБ за 2024 година и се прилагодува со овој месечен раст.

Што важи за трговците поединци и самостојните вршители на дејност?

И за нив важат роковите до 15 мај 2025, но пресметката е малку поинаква. Тие плаќаат една дванаестина (1/12) од „Пресметаниот данок“ прикажан на реден број VII (АОП–31) во Образецот “ДЛД – ДБ” за 2024 година.

Важно е да се напомене дека УЈП веќе им ги има испратено налозите за плаќање преку системот е-ПДД. Преку овој систем, автоматски се генерираат 13 налози – 12 за месечните аконтации (од април 2025 до февруари 2026) и еден дополнителен налог за годишната обврска по основ на ДЛД ДБ.

Get started today

Let’s take your business to the next level with Accounting You service.

Similar blogs

Објавен процентот за април 2025: Месечната аконтација на данокот на добивка изнесува за 1,4%

Salary image

Salary and Allowance Data for April 2025: