Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати, која стапува на сила од 1 јули 2025 година (вторник).
🟢 Намалување на цените на сите деривати
🔻 Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,00 денар по литар, во однос на претходната цена утврдена на 27.06.2025 година.
Нова цена: 69,50 денари/литар
🔻 Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 денари по литар
Нова цена: 75,50 денари/литар
🔻 Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 денари по литар
Нова цена: 77,50 денари/литар
🔻 Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 денари по литар
Нова цена: 69,50 денари/литар
🟤 Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,605 ден/кг
Нова цена: 39,583 денари/килограм
📌 Извор: РКЕ